Градежни актвивности во паркот ги вознемирија жителите на Општина Ѓорче Петров, кои се загрижени дека зелената површина може да се пренамени за проширување на улица или други цели.
Прашуваат зошто воопшто се уништува зеленилото во период на енормно загадување и дали сега паркот ќе биде покриен со асфалт.
29 мерка и тоа што е зелено, да не се мачиме да го одржуваме асфалт турете му, највеќе трае. Парк Ѓорче Петров. @CityofSkopje pic.twitter.com/fK7LtnNCu4
— Fangio (@powerbarmk) December 18, 2019
„Република“ беше на терен. Затекнавме кал и амортизација, од фотографиите може да се види дека тревникот е преоран. За среќа дрвјата се уште не се искорнати, но се копа и покрај детското игралиште…
Побаравме објаснување од Општина Ѓорче Петров дали станува збор за отворање сервисна улица или се шири булеварот „Македонска војска“.
Оттаму ни одговорија дека станува збор за времено решение кое не го зафаќа појасот (реонски парк), туку се гради пешачко-колска патека која го зафаќа самиот профил од недоизграден дел на булеварот „Македонска војска“, кој е исцртан во ГУП-от од 2012 година.
Станува збор за времено решение кое не го зафаќа појасот (реонски парк), туку се гради времено решение пешачко-колска патека (времен режим) кое го зафаќа самиот профил од недоизграден дел на булеварот „Македонска војска“ кој е исцртан во ГУП-от од 2012 година. Се до реализација на булеварот ова ќе претставува времено решение коешто ќе биде и единствена можност за дотур на роба до деловните субјекти и пристап до самото Корзо, велат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.