Затрупани и лизгави улици е сликата од Сопиште од синоќа, откако почна да паѓа снег. Општинта нема намера да ја исполни својата обврска. Улицата која води кон комплексот згради City View Condominium е завеана, угорницата замрзната. Жителите од зградите и околните куќи излегоа сами да ги исчистат улиците за утре да можат да стигнат на своите работни места. Дури и купиле сол за да стават на улицата, откако и покрај нивните барања, никој од Општината не се појавил за да го расчисти натрупаниот снег.
Утринава добиле ветување дека ќе се среди улицата, но ништо од тоа. Наместо механизација, градоначалникот на Сопиште им понудил да земат сол од општинскиот двор.
-Немаме струја по неколку часа, тоа често се случува. Завеани сме. Улицата со месеци е поплавена од канализацијата која тече. Смрдеа се шири, не можеш ни прозор да отвориш. Минуваме низ измет секој ден. Реагиравме неколку пати. Дојдоа со некоја цистерна, ја испразнија шахтата, за два дена иста ситуација – се жалат жителите на Сопиште.
Откако се крена врева на социјалните мрежи градоначалникот Стефан Трпковски дошол на улицата додека станарите чистат и повторно ветил дека вечерва ќе биде испратена механизација која ќе го исчисти патот и ќе фрли сол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.