Жителите на населбата Средно Нерези речиси 80 часови се без вода за пиење додека трае непромислениот полициски час на власта. Како што информираат жителите на оваа населба во центарот на Скопје тие до понеделник треба да чекаат за да се санира проблемот.

Жителите тврдат дека операторите вработени во Водовод дрско им спуштале слушалки, и непромислено им кажувале да се снајдат како знаат за вода до понеделник, а од Водовод тврдат дека не добиле пријава оти Нерези и Козле немаат вода. Оттаму на официјалната Фејсбук страница Водовод објави дека тие излегле во пресрет на барањата на жителите на Жданец и Трнодол, додека никаде не го спомнуваат Нерези.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.