Утре, недела (16.05.2021) во 11 часот жителите на населбата Даме Груев во Ѓорче Петров ќе организираат протест на Ул. Лука Геров кај раскрсницата до основното училиште Страшо Пинџур.
Причината за организирање на протестот е бришењето на името на населбата од сите институции и документи (лични карти, пасоши).
Станува збор за сложен проблем кој ни создава доста проблеми и не ја прикажува вистинската слика за местото на кое живееме.
Со овој протест ќе побараме општината Ѓорче Петров да одговори на нашите писмени барања и во координација со другите институции да најде решение на овој проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.