Од жителите во станбената зграда каде се наоѓа одреден локал во иднина ќе зависи постоењето на летните тераси на угостителските објекти, ова денеска го објави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Доколку мнозинството станари одлучат дека им пречи летната тераса, која често е поголема и од самиот објект, ние како општина нема да дозволиме поставување на урбана опрема. Што значи кафич ќе има, но без летна тераса“, објасни Богдановиќ.
Тој денеска информираше дека 60 проценти од планираните проекти во општината се реализирани, а остатокот ќе биде завршен до крајот на четиригодишниот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.