Општина Карпош сериозно се занимава со т.н. „тивка смрт“ – загадувањето, при што вечерва алармираат за изворот на тековното вечерно загадување на жителите на оваа општина. Во продолжение соопштението од „Карпош“.,
По пријава на граѓани за ширење на чад и непријатна миризба , инспекциските служби на Општина Карпош ,излегоа на терен, на увид на фактичката состојба. Се констатираше дека чадот и непријатниот мирис кој го чувствуваат граѓаните од населените места Влае, Нерези, Тафталиџе и Карпош, доаѓа од запалена мини депонија од атарот на Општина Сарај. Инспекциските служби на локалната самоуправа, веднаш пријавија во Противпожарната служба на Град Скопје и во градскиот инспекторат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.