Зимската служба на општина Центар на терен го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината, со вкупно 7 возила – 2 со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари.

Се расчистува снегот на повеќе локации на најпрометните улици во општината, се фрла сол и се расчистува уличната мрежа и критичните сообраќајни точки околу подножјето на планината Водно.

како што невдуваат од Општината, тие се во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и останува во координација со градските служби за брзо и ефикасно делување во случај на евентуално зголемување на интензитетот на снежните врнежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.