Актуелниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски потврди дека ќе се кандидира како независен кандидат на следните локални избори. Kако што дознава „Република“ се очекува тој да биде поддржан од страна на СДСМ.
Стојановски вели дека неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена и дека за само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на Државна Изборна Комисија.
-Со кандидатурата за градоначалник следува листа на кандидати за членови на општинскиот Совет, тоа се добри и чесни луѓе кои знаат како храбро и сигурно да се соочат со проблемите на секое населено место и секој поединец, вели Стојановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.