Жичарницата Милениумски крст од денеска ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот, информира ЈСП.
Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење кон крстот е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле.
Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.
Жичарницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.