Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.
Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема.
Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов.
Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота.
ВМРО-ДПМНЕ посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист.
Освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.
Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. А, молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.
Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.