Група волонтери, невладини организации и еколошки активисти заедно со локални жители посадија 50 дрвца во Автокоманда и во Железара.

Железара и Автокоманда добија по 25 нови чемпреси, кои беа засадени преку регионалната кампања „Дрво на пријателството“, која вчера и денес се случи низ сите шест западно-балкански земји. Овие населби се во непосредна близина на фабриката Железара и често страдаат од аерозагадување, па овие дрва се првата линија на одбрана!

Големо фала до ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје за помошта при садењето!

Оваа акција беше почетокот на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, да покажеме дека заедничката соработка може да се бори против аерозагадувањето, кое не познава граници!

П.С. Ако знаете луѓе што живеат околу ООУ Глигор Прличев во Железара и во Автокоманда спроти ветерина, потсетете ги дека сега овие дрвца се во нивен двор и треба посебно да се грижат за нив 💚 – објавија активистите за акцијата на садење дрвца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.