Земјотресот, кој рано утрово се почувствува и во Македонија, бил со епицентар во Албанија.
Според првичните информации потресот бил со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер е со епицентар близу градот Драч во Албанија, а поместувањето на почвата е на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил во траење од триесетина секунди и бил посилен од вообичаените тресења на почвата забележани во предходните месеци.
Во текот на претходниот час, во Албанија регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени. Илјадници жители се излезени на улиците во Тирана и останатите градови блиски до епицентарот, јавуваат мештаните.
Земјотресот, според извештаите на сведоците е почувствуван дури до Нови Сад, Србија, Анкона и Наполи во Италија, Ламиа во Грција, Софија во Бугарија, Сплит во Хрватска и Бања Лука во Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.