Пазарџиите од Зелен пазар утре излегуваат на предупредувачки генерален штрајк, а доколку не е одговорено на нивните барања ќе ја добијат поддршката и од другите пазари.

Тие се револтирани од новиот ценовник на „Скопски пазар“, со кој велат драстично им се покачиле цените за закуп на тезга, но и од селективниот пристап кон пазарџиите.

Тезгите на пазарот ќе бидат затворени во текот на целиот ден.

Цената за дневен закуп на тезга е зголемена од 150 на 250 денари. Цените, пак, за месечен месечен закуп се движат од 2.500 до 7.000 денари во завиност од тоа каде се наоѓа пазарот и самата тезга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.