Зелен хуман град информира дека движењето на овие избори добило поддршка и од познатото граѓанско движење “Не Давимо Београд” од Србија.
Активистите на НДБ ја изразија поддршката преку видео, кое е објавено на Фејсбук страната на ЗХГ.
Сметаме дека поддршката од афирмирани прогресивни сили во странство им дава уште поголем легитимитет на активистичките идеали на ЗХГ, со што оваа коалиција полека станува значаен дел од регионалната мрежа на граѓански зелени движења.
Како што ние се бориме за Скопје, во исто време сме во контакт со регионални групи кои на ист начин се залагаат нивните градови да се зелени и хумани! Таков пример е и „Не да(ви)мо Београд“, кои од 2015 година работат за подобрување на животната и социјалната средина во Белград.
Само со заедничка соработка и учење од добрите пракси на другите, може да го направиме Скопје зелен и хуман град!
Гласај 119 – Драгана Велковска за советничка листа на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за Град Скопје
Гласај 104 – Ана Петровска за градоначалничка на Град Скопје, порачуваат од ЗХГ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.