Добивме пријава дека повторно се сечат здрави долгогодишни дрвја. Што се случува на ул. Орце Николов кај МЕПСО?! ЗХГ испрати барање до Град Скопје за да добиеме одговор дали има решение за сеча.
Не сакаме повеќе да слушаме изговори дека дрвјата биле „стари“ или „суви“. Од фотографиите се гледа дека дебела пресечена гранка е здрава.
Проблемот на произволно/спорно сечење досега немаше да постои ако имавме целосно функционален Зелен катастар и ако Градот стратешки насочеше ресурси наместо да чека донации. Зелениот катастар мора да се заврши во најкус можен рок со оглед дека е клучна алатка за зачувување и континуирана грижа за скопското зеленило.
Ако имало проблем со паѓање гранки – се кастри, а не се масакрира здраво повеќегодишно зеленило во еден од најзагадените градови во Европа и во светот.
ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup има должност да го заштити зеленилото и ако на терен констатира дека состојбата на дрвото не соодветствува со решението за сечење – има обврска да ја прекине сечата!, објавија на Фејсбук од Зелен хуман град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.