Екипи на Град Скопје вчера (18.08.2019 година, недела) ги завршија градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост Гоце Делчев во двата правци“ и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено, соопштија од Град Скопје.

Според нив, комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток на 09.07.2019 година. За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим. Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот, градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.