Градоначланикот на општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека завршува чистењето на првиот дел на реката Серава, при што речното корито е исчистено од последна автобуска станица на линијата 57А до мостот пред Радишани во должина од 1,5 километри.

Поради временските услови со чистење на речното корито продолжуваме на пролет, во оваа прилика би сакал да апелирам до сите граѓани да не фрлаат ѓубре во речното корито, Серава и во оваа рана фаза на предвидениот проект има сосема нов изглед и добро е тоа да го зачуваме.

 

Општина Бутел во ново исчистениот дел во Радишани ќе пушти засилена контрола со комунални редари се со цел да ја заштитиме животната средина од загадување.

 

Потсетувам дека првата фаза за големиот проект Серава е чистење, понатака изградба на речно корито таму каде што е потребно и секако изградба на трим патека која граѓаните на општина Бутел ја чекаат со децении.
Ветеното го остваруваме – порача Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.