Булеварот „МАНАПО“ утрово со полициски автомобили беше блокиран, за два автобуса со бегалците од Авганистан кои престојуваат во Македонија, безбедно да стигнат до трговскиот центар „Ситимол“.
Привилегиите за гостите не завршија тука. Очевидци за „Република“ дополнуваат дека тие биле внесени од страничен влез, а спротивно на протоколите за заштита од ковид-19, ним не им бил проверен вакциналниот статус.
Слична тура Авганистанците имаа пред неколку дена, кога повторно со полициска и придружба од Црвениот крст беа на пазарење во друг трговски центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.