Продолжува јавното бламирање на инвеститорите за изградба на бетонските грдосии на паркингот пред хотелот Холидеј ин, во центарот на Скопје. Се плаќаат Пи Ар пропагандни текстови во порталите и објави по социјаланите мрежи според кои треба да се доние впечаток дека таму нема згради, туку дека на плацот на МПЦ се гради рајот божји, директно пресликан од фреските на црквите.

Се плаќаат неколку архитекти кои, во тие платени пропагандни текстови низ порталите, објаснуваат со религиозни термини за нов дух, сензибилитет и урбанизација на градот. Нема ни факти, ни бројки ни податоци, сите пропагандни текстови и изјави се полни со воздушести, општи и натприрони категории кои – не значат ништо освен продавање магла без факти.

Само општи необврзувачки зборови и монтирани слики на проект кој е плагијат на друг автор, накитен по желба да ги импресионира наивните и неупатените, пишува „Вечер“.

Од „Вечер“ анализираат што велат фактите, кои ги нема во пропагандните текстови?

Молчи градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Молчи, иако се работи за темелен интерес на градот кога се овие бетонски грдосии во прашање бидејќи такви масивни објекти бараат соодветна широка и нова инфраструктура која Скопје ја нема во тој дел на градот за нови капацитети од тој обем.

Градот Скопје е екстремно загаден. Изградбата на такви бетонски грдосии од по 80-тина метри височина на единствениот празен простор во центарот на градот многу битно влијае на зголемување на загадувањето. Скопјани тоа ќе го плаќаат зо здравје и загрозени животи.

Би се градело, како што е најавено, во три фази што значи барем пет години. За тоа време се губи единствениот голем отворен паркинг во центарот на градот, и најмалку пет години екстремни гужви и проблеми со движење и паркирање во центарот. А најави како инвеститорот би обезбедил компензација за сегашните над 500 паркинг места кои се губат и најмалку уште 1.500 за потребите на бетонските грдосии – нема.

Нема факти ни гаранции за задолжителните зелени површини. Има само приказни од инвеститорите со општи незадолжителни формулации.

Ако го познаваме Петре Шилегов, знаеме зошто молчи кога е во прашање обрт и инвестиција со волку многу пари. Кога се платежни клиенти во прашање Шилегов е секогаш тука да им се најде. Го уништува кејот пред ГТЦ и целиот тој угостителски реон за на Телеком да му изгради улица до плоштадот Македонија.

Шилегов, единствен градоначалник во Европа кој продал градска куќа и ги потрошил парите, освен на Телеком, му се најде и на богатиот ЕВН. Ги вдоми во Градската куќа а Скопје, престолнината, работи во мувлосани бараки.

Инвеститорите, освен бетонските грдосии од по 80 метри, највува дека таму ќе се гради и трговски центар! Ќе се гради на само стотина метри од ГТЦ! кој пропаѓа.

Кој го уништува ГТЦ и создава услови за затворање на околу 200 дуќани во ГТЦ?! 

Секако, оние кои имаат интерес за изградба на овие бетонски грдосии сосе трговски центар непосреднои до ГТЦ. А кога гледаме дека инвеститорите плаќаат десетици портали за објава на пропагандни текстови, може лесно да се претпостави кого и колку се плаќаат за да обезбедат градба на бетонските грдосии кои, патем, се и архитектонски плагијат.

Градоначалникот на Центар пружи отпор на оваа изградба, но остана осамен. Министерството за транспорт, кое има извршни ингеренции, се прогласи за ненадлежно, а Петре Шилегов, градоначалник кој е одговорен за градот Скопје, во кој ГТЦ е културна и економска икона, молчи и врши услуги на богатите ЕВН, Телеком и инвеститорите на бетонските грдосии.

ГТЦ, заради застарениот концепт, е пред пропаѓање. Минатата влада на ВМРО ДПМНЕ направи обид да го осовремени, согласно новите стандарди какви се применети во другите молови и трговски центри, но Петре Шилегов и активисти на СДСМ и нивниот невладин сектор протестираа против осовременувањето и можноста ГТЦ да ја врати својата економска моќ и јавно значење. Го оставија на милост и немилост. Сега го дотепуваат.

Колку им беше важен ГТЦ на новите власти, на чело со Петре Шилегов, покажаа што за четири години во ГТЦ инвестираа само една автобуска постојка која набргу потоа – ја укинаа.

Со дозвола за изгадба на нов трговски центар, составен дел на најавените бетонски грдосии, на само стотина метри од ГТЦ судбината на оваа скопска икона и архитектонска единственост за градот е осудена на пропаст. Со тоа пропаѓаат и окполу 200 дуќани во ГТЦ, заедно со инвестициите во него како и загрозени над 1.500 работни места во дуќаните и во самиот ГТЦ.

Тие што во 2014 година правеа партиска и политичка пропаганда со „гушкање за спас на ГТЦ“, денес ги гледаме на функции, или како советници и корисници на финансиски грантови од оваа власт. Тие што „го гушкаа симоболот на градот“ сега се неми, или дел од пропагандата за задушување на ГТЦ.

За нив ГТЦ сега не постои, небитен е, инвеститорите во грдосиите се богати, а каде има многу пари, има за сите. Освен за ГТЦ кој прв ќе ја плати цената за урбаната мафија, следат возачите и пешаците, а потоа со првите магли и смогови следи задушување на центарот на градот.

Преземено од „Вечер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.