Загадувањето две години е намалено заради рестрикциите за движење во ек на пандемија, а не поради Шилегов.Две години немаме зголемено загадување затоа што цело зиме за време на викенд имаше карантин, додека после 17 часот во поголемиот број од тој период имаше полициски час и забрана за движење. Шилегов не направи ништо за животната средина – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат дека наместо нови дрвореди и нови зелени површини, Шилегов и градоначалниците од СДСМ сечат дрва за да им се гледаат билбордите во кампања, а пред тоа го исекоа дрворедот на Орце Николов, се сечеа дрва во Аеродром и низ сите скопски општини.
Мерката за инвертер клими беше мерка со која Шилегов даде субвенции по партиски клуч, наместо во приградските населби каде имаат греење на тврди горива субвенции се дела на семејства во центарот на Скопје. Шилегов бема проекти. Наспроти Шилегов ВМРО-ДПМНЕ има план за по зелено и почисто Скопје – додаваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.