Оваа фотографија ја направив денеска утрината. Зад овој ѕид од загадена магла, на само 100тина метри од објективот се четирите облакодерите во Аеродром. Во нив живеат и функционери од власта.Но, кога станува збор за екологијата, се прават “загубени во маглата”.Или пак живеат над неа “во облаците”?, прашува портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Kosta Kostadinov се читаме ли?
“Летаат” ли честичките со Корона во загадена магла?
Во право се советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје кои што и вечерва алармираат:
Загаденоста и вечерва се движи од 2 – 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е над 100 микрограми на метар кубен.
Цело Скопје дише загаден воздух над половина милион граѓани се трујат, а Петре Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето, ниту пак за подобрување на квалитетот на воздухот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.