Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски денеска беше во посета на сопствениците на дуќани и деловни простории во трговскиот компекс Порта Влае.

-Се повеќе трговци ги затвораат дуќаните!
-Комплексот е оставен на забот на времето, без сериозна поддршка од локалната власт!
-Реконструкцијата на просторот околу компексот се одвива бавно, задоцнето и многу е симптоматично што истата започнала токму пред изборите!
ℹ Сакам да најавам:
✅ Поддршка од општината за сопствениците на трговски дуќани и деловни простории!
✅ Организирање на настани, работилници и едукации за заживување на комплексот!
✅ Консултација со сопствениците за реалните потреби и поддршка која општината може да ја даде!
✅ Проекти за поддршка на малиот и среден бизнис!
✅ Стимулација и развој на постојните мали и средни претпријатија!, порача Зафировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.