Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовит на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Оливер Зафировски, денес ги посети жителите на Бардовци.
Тој нагласи дека нема да се дозволи изградба на прифатен центар за странци во Бардовци!
Во разговорот со посетените граѓани претстави дел од проектите кои се дел од неговата програма кои беа одлично прифатени од бардовчани.
Се разговараше за проширување и целосна реконструкција на улицата од клучката кај Злокуќани до влезот на Бардовци со изградба на велосипедска патека.

Исто така нагласи дека ќе има изградба на нов локален пат кој ќе ја поврзува населбата со магистралниот пат Јадранска магистрала што води до индустриската зона “Визбегово”, како и изградба на пристапен пат до земјоделските парцели околу месноста Рупа и Крст и поплочување со павер елементи на споредните улици.

За младите најави изградба на мултифункционален спортско-рекреативен центар со детско катче во рамките на ООУ “Аврам Писевски”.
Во делот за екологијата најави набавка на 200 филтри за оџаци, мерна станица и анализа на ефектот колку се ефикасни да ги задржат отровните честички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.