Кандидатот за градоначалник на Карпош, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски, ги посети манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон и комплексот Македонско село, што подолго време е затворен.

Зафировски порача дека овие комплекси имаат огромен капацитет за промоција на македонската култура и туризам и е недозволиво да бидат оставени на забот на времето.

Попладнево заедно со пратеничката Рашела Мизрахи, Роберт Вељановски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Карпош, Зоран Љутков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Велес, како и други истакнати културни работници ги посетивме Манастирскиот комплекс #СветиПантелејмон во Горно #Нерези, и комплексот #МакедонскоСело, кој подолг временски период е затворен!

 

✅ Заедно констатиравме дека е недозволиво поради нечии бизнис интереси комплексот Македонско село, комплекс со огромен капацитет за промоција на македонската култура и туризам да биде оставен на забот на времето!

 

✅ Манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон, изграден во 13 век под ктиторство на Ана Комнена, ќерка на византискиот Император Алексеј Комнен е оставен во заборав, без соодветна заштита и промоција! – реагира Зафировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.