Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва обраќајќи се кон граѓаните и кандидатот за градоначалник за Ѓорче Пертров Александар Наумоски, најави дека ќе ги поддржи сите проекти кои носат напредок и развој на Ѓорче Петров.

Сум бил градоначалник, знам како е да се одговара на потребите на граѓаните, а при тоа средствата се ограничени. Владата ќе застане зад изградбата на првото училиште во општината во историјата на независноста! Владата ќе застане зад изградбата на двете градинки во Ново Село и Дексион. Владата и Градот Скопје, јас и Петре, ќе застанеме зад проектот Лепенец за конечно да се уреди и таа река. Сите знаете, Владата, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се силно застанати зад Клиничкиот центар. Ќе ги отстраниме блокадите во Собранието, Скопје и Македонија ќе добијат најмодерен клинички центар прв по неколку децении, порача Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.