Премиерот Зоран Заев вели дека со мислењето испратено до Општина Центар, Владата не барала уривање на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза туку почитување на мислењето на стручните комисии.
Заев објасни дека, конкретно, Порта Македонија не го попречува движењето.
Мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се урива кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата од стручните комисии формирани од извршната власт. Напротив, конкретниот проект Порта Македонија не ги попречува пешачкиот ниту моторниот сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила, односно дозволена е непречена комуникација – вели Заев.
Ваквата реакција на Заев доаѓа откако Владата со мислење побара од Општина Центар во новиот план „Мал ринг“, кој е во подготовка, да ги избрише недоградениот споменик на Мајка Тереза и Порта Македонија.
Општина Центар, по мислењето од Влада, испрати допис до Министерството за култура како инвеститор на објектите во кое бара да се изјаснат дали се за уривање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.