Во Централниот регистар вчера беше завршена процедурата со промената на имињата на двете основни училишта во скопската општина Чаир. ОУ „Никола Вапцаров“ сега официјално се вика „Имри Елези“, а ОУ „Рајко Жинзифов“ сега е „Исмаил Кемали“.
Таа одлука треба да се повлече. Државните органи треба да ја проверат основаноста на регистрацијата на новите имиња на две основни училишта. Таа одлука според мене е незаконска“, одговори денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање за денешните информации за нови имиња на две основни училишта во скопската општина Чаир.
Заев вели дека не може таква одлука да се донесе врз основа на решение опд некој училишен одбор.
Се знае како е законот. Законот моора да се почитува. Немаме намера да отвораме рани на какви било национализми. Правото треба од сите да се почитува, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.