Премиерот Зоран Заев го испрати папата Франциско со покана повторно да ја посети нашата земја и со подарок реплика на теракотна икона од археолошкиот локалитет Виничко кале. На иконата е аплициран победничкиот крст на Византискиот император Велики Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година, соопшти владината прес-служба.

(фото: Влада на РМ)

Заев во доцните попладневни часови на скопскиот аеродром учествуваше во свеченото испраќање на неговата светост папата Франциско кој денеска беше во еднодневна, историска посета на нашата земја.

(фото: Влада на РМ)

Папата Франциско, и бројната делегација на Католичката Црква и на Ватикан, ја завршија посетата со богата програмска содржина која вклучи средби со државниот врв, средба со сиромашни граѓани, со свештениците и верниците на Католичката црква во нашата земја, како и света литургија на која присуствуваа неколку илјади граѓани од земјата, од регионот и од повеќе европски држави, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.