Со внимание ја проследивме изјавата на Петре Шилегов со која ја префрла сопствената одговорност за инцидентот во Вардариште на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје во соопштението до јавноста, каде додаваат дека тоа е изјава во која тој наместо аргументи, понуди навреди со зборовите „Лудак, ненормален”.

Уличниот речник на Петре Шилегов е последица на пропуштена социјализација и специфичната емотивна состојба во која се наоѓа скопскиот градоначалник.
Оттаму како советничка група на градот Скопје, и загрижени за сето ова ќе предложиме пред секоја седница на советот на градот Скопје освен присуство на претставници од пожарната единица на град Скопје кои редовно присуствуваат, да присуствува и претставник на итната медицинска помош, како и да се спроведува задоложителен алко тест, со цел да се зачува здравјето на сите, а највеќе на Петре Шилегов, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Наместо градски татко, додаваат, Шилегов одбра да биде градски кловн, кој освен патолошко лажење, е и заштитник на црните пари на Заеви преку отворените сомнежи за тендер коалициите во јавните претпријатија со кој управува градот.

Проблемот Вардариште е проблем на Петре Шилегов. Тој за време на полицискиот час преку јавното претпријатие за комунална хигиена фрла тони и тони смет и го загрозува здравјето на граѓаните. Дополнително Петре Шилегов неможејќи да го реши проблемот барал од Наќе Чулев да забрани и казнува граѓани кои прописно го фрлале сметот во преполните контејнери. Полните контејнери не се проблем на Наќе Чулев туку на лажоманот Петре Шилегов.
Едно е јасно Петре Шилегов е најнеспособниот градоначалник на град Скопје кој мора да си замине од функцијата градоначалник и да се поднесе оставка, затоа што освен тоа што е неспособен е и недостоинствен за таа позиција, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.