Во Скопје има 20 големи кластери од прослави и собири, а во цела земја 40, соопшти директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова.
Од кластерот „свадба во Скопје“ досега позитивни се 14 лица, но никој од нив како што вели Бухова не сака да даде контакти кои лица биле на свадбата и со кого имале контакти изминатиот период.
На свадбата имало околу 100 гости, а немаме ниту еден контакт. Многу тешко успеваме да добиеме информации, ни кажуваат имиња и презимиња со неколку букви различни, непостоечки телефонски броеви и електронски адреси, грешни домашни адреси. Кога инспекторите ќе отидат да однесат решенија за изолација луѓето не ни отвораат врата и одбиваат да ги земат решенијата, додава Бухова.
Сите овие кластери се настаните после 24 мај кога беа олабавени рестриктивните мерки и отворени угостителските објекти. Голем број од заразените од овие кластери не ги даваат контактите, кажуваат грешни податоци или пак одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1, Кичево-1.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.