Адреналинскиот забавен парк „Мега“ кој е отворен од понеделник до недела, во Скопје ќе остане до крајот на јуни. Влезот е бесплатен, а користењето на реквизитите и адреналинските возења чинат од 50 до 200 денари.

Паркот со адреналински атракции се наоѓа на „Илинденска“, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“. Најатрактивни возења за посетителите се „Enterprise”, „Star Tower”, „Vortex”, „Kamikaze”, „Pop Stars” и „BreakDance”- сите со високо ниво на адреналин. Сите реквизити се лиценцирани, со што се гарантира нивната безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.