Секојдневно граѓаните се сведоци на хаосот и безредието кое се случува низ целата државата, а Заев и Спасовски никаде ги нема да ги решат овие проблеми. Денови се повеќе е актуелна е темата со автомобилот „Бентли“ кој пред неколку дена со голема брзина влета на плоштадот во Скопје, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните.
За оваа лицето доби казна од само 45 евра, а тоа го потврди и скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој записникот го објави на својот фејсбук профил. За ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ каде беше посочено дека станува збор за лицето Бурим Маслан, познат како Бурим Харачина и кој е добро познат на полицијата и бил осуден со разбојништва, лежел затвор за обид за убиство и слично.
Од партијата поставуваат прашање кој го штити Харачи за да така да се однесува? – Лик со ново Бентли, скап и моќен автомобил влета меѓу пешаци, среде новогодишни тезги, возеше меѓу украсите на Петре Шилегов од 200.000 евра, предизвикувајќи општа опасност, тоа го снимал за социјалните медиуми, па власта го пронајде дури откако јавноста се побуни. И во немоќ за тоа напишале казна од 45 евра, која што ако веднаш ја плати ќе биде неполни 23 евра. Човек што има кривична за загрозување општа опасност, е повторувач на такво дело, му пишале казна за сообраќаен прекршок.
Вистината е дека Заев и Спасовски преку институциите и ЈО го штитат Харачина кој одработуваше за СДСМ за време на избори, за да сега дивее со автомобил низ центарот на Скопје. Заев и Спасовски го штитат затоа што одработува за СДСМ во Арачиново и дозволуваат негово дивеење и загрозување на животите на луѓето. Наместо кривична пријава за предизвикување на општа опасност, Харачина заштитен од Заев и Спасовски доби само парична казна од 45 евра, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
По овој немил настан граѓаните се загрижени дали тие може да се чувствуваат безбедни во својата држава и дали со овој потег властите уште еднаш докажаа дека поважно им е да ги штитат своите партиски послужници?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.