На бензинската пумпа на „Макпетрол“ во центарот на Скопје денес буквално за влакно е избегната вистинска катастрофа. На пумпата која се наоѓа спроти Соборниот храм избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија полицијата го блокирала пристапот на булеварите „Партизанска“ и „Илинденска“.

За среќа, еден од вработените реагирал навремено и спречил вистинска катастрофа.

Очевидец за “Лидер” раскажал дека вработениот на бензинската со противпожарен апарат успеал да го изгасне пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.