Петре Шилегов две години по ред ѝ плаќа на фирмата „Аполо инженеринг“ по милион евра годишно за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.
64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021. Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма. Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.
Во 2020 година немаше снег, и скоро и да не беше употребена механизација. Но тоа не ја спречува Аполо Инжинеринг да се наплати и да си ги земе 1 милион евра, кои и следат според договорот, реагира опозициската партија.
Низ бројки, велат оттаму, би изгледало вака:
За периодот од 15 ноември до 15 март двете зими 2019 и 2020 фирмата добитник на тендерот за чистење снег има реални трошоци од скоро нула денари. Како што бевме сите сведоци снег тие 2 зими и да не видовме. Во превод чист милион евра во сопствениот џеб а изваден од џебот на граѓаните.
И на ова можеби ќе добиеме одговор “што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег”.
И да има врнежи од снег, дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува градот во друга постапка која изнесува околу 300.000 евра, вредат над еден милион евра? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.