За Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје и сега поранешната власт е виновна за аерозагадувањето на главниот град. Тој вечерва гостуваше на телевизијата „Алфа“ во емисијата „Што не е јасно“ и кога му беа прочитани моменталните бројки со загадувањето во градот, тој изјави дека тие се од неофицијална мерна станица.
Ова е неофицијална мерна станица. Имаме пет официјални: во Лисиче, во Центар, Карпош 4 и уште две. Јас и ден денеска мислам дека поранешната власт во добар дел е виновна за загадувањето. Она што го правам и упорно зборувам, без разлика дали тоа е популарно или не, туку за решавање на проблемот. Сега живееме во последниците од тоталната негрижа. За разлика од минатото кога бројките беа 1.000. Тогаш не гледавме активни мерки. Ако не му дадеме сериозен третман, тогаш не можеме да најдеме сериозно решение. Имаме решенија и полека, полека ги решаваме. Ова е првпат Градот да го води левицата, освен кога беше Пенов, рече Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.