Новите мерки кои се превземаа за да се спречи ширењето на коронавирусот налагаат домашен карантин. На дел од граѓаните кои живеат во станбени згради терасата им е единственото место каде ќе можат малку да одморат и да излезат. Па така една станар реши преку известување да упати закана до своите соседи кои своето ѓубре го фрлаат од тераса.
Минатата година кога грицкавте семки и лушпите ги фрлавте од тераса и на сите нас кои сме во иста вертикала ни паѓаа на глава, најпрвин љубезно ве опоменав, но немаше резултат…Сега кога сме во ек на пандемија, а вирусот може да се пренесе преку плунка, а терасите ни се единственото место на кое може да излеземе, сакам да ви посочам дека за секоја фрлена лушпа ќе биде превземена конкретна акција, ќе бидете пријавени за загрозување на јавно здравје…стои во известувањето на соседот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.