На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба едногласно беше усвоен Буџетот за 2022 година.

Како што објави градоначалникот Бобан Стефковски, во Буџетот се определени средства за изградба на нова детска градинка, нова училишна спортска сала во Булачани, фекална канализација за Гоце Делчев, Страчинци, Јурумлери, Смилковци и Трубарево, профдолжување со изградба на училишната сала во Стајковци, асфалтирање на улици во Инџиково, Јурумлери, Трубарево и сите останати населени места.

За првпат се воведуваат субвенции за граѓѓаните, за велосипеди, електрични тротинети, ѕреди за вградување на течен нафтен гас на автомобилите и чистење на оџаците, како и продолжување на субвенциите за печки на пелети и инвертер клима уреди. Како и многу други проекти од сите области на секојдневното живеење. Буџетот за 2022 година е најразвојниот буџет, во историјата на општината. Следува година на реализација на голем број на проекти. Општина Гази Баба, мораме и ќе ја направиме подобро место за живеење. За тоа го имате мојот збор!, вели Стефковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.