По вчерашниот сообраќаен инцидент што се случи на булеварот „Св. Климент Охридски“, при кој беше искршено едно дрво и направена друга материјална штета, екипи на Инспекторат на град Скопје веднаш направија увид на терен.
Градските инспектори го санкционираа сторителот и на правното лице му изрекоа казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација. Апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас, велат од Град Скопје.
Камион на градежна фирма која гради позади трговскиот центар „Рамстор“ вчера утро искрши дрво, откако не можеше да влезе на градежниот објект. Дрвото е целосно уништено уште од самиот корен. Станува збор за едно од ретките дрвја преостанати во Паркот на новинарите.
‼️По вчерашниот сообраќаен инцидент што се случи на булеварот Св. Климент Охридски, при кој беше искршено едно дрво и…
Posted by Град Скопје on Friday, 12 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.