Новинарот Бранко Героски очекува интересна трка на локалните избори иако објавените имиња на кандидатите од власта за него се очекувании.

Кај опозицијата има неколку изненадувања, пред се кандидатката за градоначалник на Скопје, каде што мислам дека трката ќе биде најинтересна, вели новинарот Бранко Героски во вечерашното интервју во емисијата Жешко политичко лето на Канал 5 телевизија.

Мој впечаток е дека граѓаните овој пат имаат избор и очекувам секој да постапи според сопственото определување и да го избере најдоброто, истакна Героски.

За одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, Героски смета дека е интересен несекојдневен кандидат, бидејќи, како што рече, таа е успешна жена менаџер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.