Вкупно 168 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.
Во периодот од 20 јули до 26 јули, како што соопшти денеска ПОЦ, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 82 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 86 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје информираат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.