Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне од утре, 31.август и ќе заврши најдоцна до петок, односно до 4.спетември.

Како што информираат од Град Скопје, прскањето од земја ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – соопштуваат од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.