Со месеци искршена стои фонтаната „Воин на коњ“, ама тоа се чини најмал проблем на плоштадот Македонија и центарот на Скопје.
Искорнати плочки и клупи, унштени споменици, нефункционални фонтани, статуи оставени во ќош со смет, дупки, тараби, ѓубре, пикавци, мастики…Ова е сликата што ве пречекува на главниот град.
Дури и Кејот за чија реконструкција градоначалникот на Скопје толку многу се чатали, завршува со стара ‘рѓосана шахта и потскршени плочки.
Ако Петре Шилегов не си го пази она „своето“, логично е дека нема да го зачува и она „туѓото“ веќе изградено.
На тој „негов“ Кеј не само што не го исполни ветеното и направи улица за автомобили, остави времето да ги голтне и клупите на кои редовно се собираше и младо и старо.
И годинава не проработеа фонтаните од двете страни на Камен мост. На онаа подната, наместо да трчаат и да се радуваат деца, зјаат отворени дупки.
Секоја скршена плочка, секоја извадена коцка, останува дупка полна со отпадоци и вода, бидејќи биле направени од друга власт. А, ако ова е сликата во предизборието, замислете што го чека Скопје ако уште четири години остане во вакви раце, ваклани како него…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.