Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 51 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 483 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 27 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 225 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 483 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, додаваат од МЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.