Заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши, присуствувал на митингот на ДУИ во Чаир пред неколку дена, кога еден од присутните извади пиштол и испука неколку истрели во воздух, дознава „Фокус“.

Според лица присутни на настанот, Буши присуствувал во придружба на двајца членови од неговото обезбедување, кои всушност се припадници на МВР.

Неофицијално, тие по настанот во Чаир биле повикани во внатрешна контрола за да дадат исказ за пукањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.