Претседателката на ОИК Кисела Вода, Татјана Алексовска Сапунџиоска, денеска им ги врачи уверенијата на новиот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и на членовите на Советот на општината.
Како што соопштија од Општината, по примањето на уверението, Ѓорѓиевски се обрати пред присутните, заблагодарувајќи се на сите кои му ја дадоа довербата. Тој ја истакна својата интенција за раководење на општината на транспарентен и чесен начин, во интерес на граѓаните, заеднички со Советот, за кој изрази надеж дека ќе функционира одлично и покрај неговата политичка шареноликост.
Благодарам за успешно спроведениот изборен процес. Сакам да нагласам дека без разлика што во Советот имаме претставници од повеќе политички партии, се надевам дека ќе имаме плодна соработка во наредните четири години и дека ќе успееме значително да ги подобриме условите за живот за сите наши сограѓани, изјави новиот градоначалник Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.