Вработените во Клиничкиот центар го одложија најавеното блокирање на наплатните рампи на паркингот во кругот на клиниките, а министерот за здравство ветил дека денеска ќе има средба со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во обид да го реши проблемот. Здравствените работници веќе два дена протестираат против одлуката на град Скопје на предлог на градоначалникот Петре Шилегов да ја зголеми месечната цена за паркирање од 300 на 800 денари.

Тие сметаат дека со зголемување на цената на месечниот билет за вработените во Клиничкиот центар нема да се реши хаосот со возила.

Вработените носеа налепници „привилегирани“ во знак на револт по изјавата на Шилегов дека пациенти умираат на паркинг не можејќи да дојдат до клиниките од возилата на вработените, и зошто тие треба да бидат привилегирани и да плаќаат поевтин месечен билет за паркирање од останатите граѓани што плаќаат за паркинзите во Скопје.

Вработените велат дека ако градот и утре не ја повлече одлуката, блокадата на наплатните пунктови ќе продолжи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.