Откако беа фатени како го кршат законот, Душко Весковски и Петре Шилегов влегоа во ново кривично дело , а тоа е бришење на докази кои упатуваат јасно на фактот дека прво спровеле градежни работи, па потоа имало јавна набавка на која победила токму фирмата која градела неколку месеци претходно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
ЈП Водовод започна на својот официјален Фејсбук да ги брише објавите на 3-ти октомври на минатата година каде, имаат објавено дека ќе има приклучок на мрежа на ул. „Варшавска“, што значи дека уште еднаш докажуваат дека претходно било реконструирано и завршено буквално се, а дури потоа била спроведена набавка, што значи дека била наместена истата. Инаку зошто би имало приклучок на нереконструирана и незавршена водоводна мрежа.
Меѓу другото нашите информации од совесни вработени во јавното претпријатие говорат дека и во текот на денешниот ден веројатно по налог на тандемот Весковски Шилегов се вршат уништување на докази за наместената јавна набавка во вредност од 300 илјади евра.
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да реагира и да влезе во архивата на документи на јавното претпријатие, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.