Вработен во една од бараките на Град Скопје, каде што се плаќа данок за имот, на дрзок начин, со гласно викање им се обраќал на граѓани кои чекале ред. Од објавената снимка се гледа како тој ѝ вика на повозрасна жена која чекала ред и поставила прашање, но не само со неа вработениот имал исти однос со сите кои биле пред бараката.

Драги мои….Ова подолу е тешко СЕЉАЧИШТЕ вработено во барака 16 на Град Скопје да дели бројчиња…истово СЕЉАЧИШТЕ имено го чекавме до 09:30ч да ни отвори врата и да почне со работа (а по правило треба од 08:30 или 09:00). Ова исто СЕЉАЧИШТЕ беше ултра дрско од самото излегување кон сите, а особено кон една друга девојка што беше видно вознемирена (на која мајката и била почината пред некој ден и сметката и била блокирана за цели стотина денари замислете) на која ова исто СЕЉАЧИШТЕ и упати еден куп грдни зборови и пцости (многу ми криво што не успеав да го снимам и тоа целото)….замислете….вработен што касни на работа и не разбира дека тие надвор што ги вреѓа, тие истите му даваат плата….После се префрли на оваа кутра постара жена со бастун (од видеото) што не догледуваше и не дослушуваше, за дрско да и се дере што впрочем можете да го видите од самото видео….Стиснав зуби да не го пребијам….Но, СЕЉАЧИШТЕТО не застана тука….поминаа пар минути и истата онаа девојка што ја беше извреѓал, на излегување и се заврте и и рече ,,земи извини ми се ма сељанко една,, и и упути уште пар пцости….девојката замина со солзи у очите….ама Дуки овој пут не преќуте….му се раздрав ,,ПРЕКИНИ ОДМА,, на што проба да ми се подискурчи, но на второто мое спобудалување и викање ,,ПРЕКИНИ ОДМА ДА НЕ ТЕ ПРЕБИЈАМ,, се потповлече….отидов до кола да зеам виљушка од точак шо ја имам у гепек, на што ко лигле избега внатре и се скри и го пушти неговиот колега да ме смирува и моли да не го пребијам….е сеа шо сакав да речам….Јас уопште не сум насилен човек, ама вакви СЕЉАЧИШТА праат да бидам таков…..така да Инспекторат на град Скопје преземете си мерки, зошто во понеделник ќе одам пак да платам поштено данок, и ако малце ме изиритира СЕЉАЧИШТЕВО што не го санкционирате, ќе биде претепано и оставено пред барака 16. Да! Претепано. Зошто сите совесни граѓани доаѓаме таму да си го платиме поштено данокот за да може да прдите у вашите удобни фотељи и да не прајте ништо, а не да трпиме вакви СЕЉАЧИШТА што се курчат на послаби и изнемоштени лица….читни и ти Господине Петре Шилегов….имајте пријатен денПоздрав,Вашиот даночен обврзник

Gepostet von Dukica Petroff am Freitag, 24. Juli 2020

Според сведочењето на граѓанин кој бил присутен пред Град Скопје, вработениот кој воведувал ред упатил и пцости кон девојка, на која ѝ рекол: „Земи извини ми се ма сељанко една“.
За ваквиот инцидент, градоначалникот Петре Шилегов најави дека ќе се спроведе дисциплинска постапка против вработениот. Граѓанинот кој го објави дрското однесување вели дека граѓаните го чекале вработениот еден час пред бараката на Град Скопје, бидејќи, според неговите кажувања, тој доцнел на работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.