ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за сериозен пристап кон рационалното користење и употреба на водата. Последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури кои достигнуваат и до 40°C придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче, информира Водовод.

Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со едниствена цел нормално водоснабдување во секој дел од градот Скопје – велат од Претпријатието.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300, Дирекција
kontakt@vodovod-skopje.com.mk
www.vodovod-skopje.com.mk
www.facebook.com/jpvodovod.skopje



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.