Врнежите од снег кој вечерва се интензивираа во главниот град го отежнаа пристапот до населбите кои се наоѓаат под Водно. На социјалните мрежи, вечерва се споделуваат фотографии на кои се гледа дека улиците се затрупани од снег, а информациите говорат дека поради снегот Водњанска е блокирана и тешко се стигнува до компелексот на Клиничкиот центар.

Oд општината Центар денес информираа дека подготвени го дочекале снегот, но веројатно таа „подготвеност“ била само за во текот кога интензитетот на врнежи беше помал.

Со вкупно 7 возила – 2 со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремно ги дочека првите врнежи на снег, стои во соопштението од општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.